Афористичарот Миле Ѓорѓијоски ја објави втората книга од едицијата „Трагачи по парадокси“. Во македонско-српското издание застапени се 28 автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Полска и Русија.
Авторите се добитници на највисоки признанија за сатира како во своите земји, така и во светот. Заедно, сите автори имаат објавено преку петстотини книги што се преведени на повеќе светски јазици, а застапени се во голем број прегледи и антологии на афоризми, информира Ѓорѓијоски.
Првата негова книга од „Трагачи по парадокси“ имаше голем успех. Беше промовирана на Саемот на книга во Белград, на фестивалот на хумор и сатира во Темишвар, Романија, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“.