Мир или Мирни е светско чудо, неверојатно дело на човечката рака и очигледен доказ колку љубовта кон дијамантите може далеку да отиде.
Дупката е широка повеќе од километар (1.200 километри) и длабока 525 метри. Рудникот го добил името по градот Мирни. Настанал во педесеттите години на минатиот век откако откриле дека Јакутија е ветената земја за дијаманти.
Експедицијата на истокот на Сибир на чело со Јуриј Кабардин, била една од најисплатливите во историјата бидејќи се пронајдени траги на кимберлит, кој укажува дека почвата е богата со дијаманти. Така Советскиот Сојуз станал место на кое се наоѓа највредната дупка на светот.
Мирни брзо привлекол жители, кои од студенилото на Сибир мигрирале на истокот со желба за богатство, а до шеесетите години рудникот бил најголем во СССР.
На годишно ниво, од Мирни се извлекуваат два тони дијаманти, и покрај температурите што се спуштаат до минус 40 степени Целзиусови. Освен тоа, земјиштето во текот на годината е замрзнато, а во лето се претвора во мочуриште.
Рудникот е во сопственост на компанијата „Алроса“, која произведува околу една четвртина од светската количина на дијаманти, а најголемиот дијамант што бил ископан е со големина на топка за голф и е вреден околу 270.000 евра.