ЕУ забележува слабости по укинувањето на визите за земји од Балканот и поранешниот СССР

174

Европската комисија денеска соопшти дека се уште не се исполнети сите обврски откако се укинати визите за државјаните на Македонија, Албанија, БиХ, Украина, Молдавија, Грузија, Црна Гора и Србија.

Во соопштението се наведува дека и понатаму е висока незаконската миграција на Украинци, Срби и Босанци. Комисијата изрази загриженост од неоправдани барања за заштита поднесени од Молдавци и Грузијци.

Регистрирано е намалување од 32 отсто на илегалните албански мигранти во ЕУ, но потребни се уште напори во тој правец.

Се додава дека сите осум земји ги исполнуваат одлуките за враќање на своите граѓани, кои незаконски престојуваат во ЕУ. Во сите овие држави е неопходно да се направат дополнителни напори во борба против организираниот криминал и корупцијата. ЕК препорачува итни мерки околу тие прашања во Молдавија и Украина.

Во соопштението се нагласува дека криминалци од наведените осум земји дејствуваат во ЕУ, при што илегално пренесуваат стоки и превезуваат луѓе, вршат кражби, перат пари, шверцуваат дрога и учествуваат во кибер криминал.

ЕК потврдува дека државјаните на Македонија, Црна Гора и Србија патуваат без визи во земјите на Унијата од 2009 година. Граѓаните на Албанија и БиХ ја имаат истата можност од 2010 година, Молдавците од 2014, а Грузијците и Украинците од минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...