Фотографирањето со Дедо Мраз е традиција која многумина ја сакаат, и родителите, и децата. Децата главно заради пакетчињата кои ги добиваат, или пак за да му ја шепнат својата желба.
Меѓутоа, не се сите деца такви. Кај некои овој дедо со долга бела брада и црвен костум, предизикува страв па тие во паника и солзи се спротивставуваат на обидите на нивните родители да го предадат во рацете на овој непознат човек за да ја направат таа толкупосакувана фотографија. И покрај стравот, солзите и паниката кај овие деца, има родители кои инсистираат на фотографија за спомен, па макар на неа детето било и облеано во солзи.
Меѓутоа, стручњаците сметаат дека е тоа грешка.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabay