Што има ново на домашната пивска сцена?

На 22.декември (сабота) во Кинотека на Македонија е закажан Вториот пивски салон на домашни производители на занаетчиско пиво, во организација на Марјан Костадиновски и Александар Матевски, производители на занаетчиско пиво.

578

Пред некоја вечер, на изложба во галеријата „Колектив“, веднаш над Градскиот пивски центар на скопскиот плоштад, пиевме занаетчиски пива од Крафт Пивара Темов.

Меѓу гостите имаше луѓе кои за првпат пробаа занаетчиско пиво, а дел од нив беа жени кои во принцип не сакаат и дотогаш не пиеле пиво. Но, немаа избор бидејќи на изложбата, со купоните кои ги подели организаторот, се служеше само пиво. Оние кои првпат ги пробаа пивата и дотогашните „пивомрсци“ се воодушевија од вкусот и открија нешто за нив сосема ново-вкусот на занаетчиското пиво кој толку многу се разликува од оној на индустриското, секако, во позитивна смисла. 

Веројатно сите овие новопечени вљубеници во занаетчиското пиво, но и оние кои знаат многу повеќе и пробале најразлични вкусови и видови на занаетчиско пиво, ќе бидат заинтересирани за настанот кој се одржува оваа сабота (22.декември) со почеток во 15 часот, во Кинотека на Македонија. Станува збор за вториот пивски салон на домашни производители на занаетчиско пиво.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...