Во сите земји ширум светот не е иста пракса за полагање возачки испит, иако во повеќето случаи тие се составени од устен и практичен дел. Во некои земји постојат чудни правила на полагање испит за возење на автомобил.
Кенија – Подготовките за возачки испит во Кенија вклучуваат и возење на автомобилчиња-играчки на посебно дизајнирана маса, а практичниот дел од испитот наводно понекогаш трае и помалку од една минута.
Северна Кореја – Доколку во Северна Кореја сакате висока категорија на возачка дозвола тогаш мора да се знае да се склопи автомобил.
Буркина Фасо – Во оваа земја јавна тајна е дека не може да се положи практичниот дел за возачки испит доколку на членовите од комисијата не им подарите 25.000 ЦФА франци.
Кина – До 2013 година кинеските возачи биле советувани дека при директен судир неизбежно мора да го пуштат воланот, да ги кренат нозете и да се фрлат на страна, на совозачкото седиште.
Хондурас – Едно од прашањата во теоретскиот дел од испитот е: „Што да се направи доколку некого прегазите?“ Меѓу понудените одговори биле:
1. ќе го покријам со лисја
2. ќе испијам рум
3. ќе го оставам таму
Индија – До 2013 година комисијата воопшто не морала да седи во автомобил за време на испитот. Кога тоа законски се сменило, стапката на положени возачки испити мистериозно се намалила за 50 отсто.
Египет – До неодамна испитот се состоел само од возење шест метри нанапред и шест метри наназад. Сега е малку потежок, бидејќи идните возачи мора да одговорат на 10 прашања и да возат по патека во облик на буквата Ѕ.
Јужноафриканска Република – Кандидатите за возачка дозвола во оваа земја можат да не го положат испитот дури и пред да седнат во автомобил доколку претходно не проверат дали нешто тече под возилото, но и ако повлекувањето на рачната сопирачка не го направат тивко.
Мексико – Во Мексико не постои испит за полагање возачки испит. Ако сакате да возите автомобил во оваа земја, тогаш се што треба да се направи е да се плати возачката дозвола, која чини околу 28 фунти.
Пакистан – Полагањето возачки испит во Пакистан, исто така, не е тешко. Од кандидатите се бара да имаат задоволителен вид, потоа треба да поминат само кратко растојание на полигон означено со чуњеви и истото да се повтори со движење во рикверц. Стапката на положени испити изнесува 80 отсто.
Русија – Во Русија кандидатите учат слалом возење меѓу чуњеви. Исто така, идните возачи мора да поминат тест во кој со возилото тргнуваат од место, а потоа ја зголемуваат брзината, на крајот сопираат со цел да застанат пред обележената позиција. Притоа не смеат да остават траги на сопирање од гуми на асфалтот.
Јапонија – Во Јапонија идните возачи обуката ја минуваат на полигони кои симулираат вистински градски улици.
САД – Во САД, како во развиена држава, добивањето возачка дозвола е потешко. Меѓутоа, во Тексас кандидатите за време на полагањето не мора да се појават на улица. Доволно е своите вештини да ги докажат на полигон, каде треба да се провозат меѓу чуњеви, да покажат дека знаат паралелно паркирање и да успеат да го свртат возилото со комбинирани движења нанапред и во рикверц. Потоа можат да се вклучат во секојдневниот сообраќај.
Финска – Во оваа држава идните возачи мора да поминат најмалку 18 часови предавања, а потоа и да полагаат тест кој се состои од теоретски дел и градско возење. Кандидатот мора да покаже и познавање за паралелно паркирање. Потоа се добива возачка дозвола која има важност од две години. Во тој период, новите возачи треба да поминат низ уште една фаза на обука, а тоа е школа за усовршување на возењето, која вклучува и управување на возило во ноќни услови.