Анка Поп, канадска пејачка родена во Романија, загина на 34 години – пренесува АП.
Според неофицијални информации, пејачката излетала со автомобилот од пат и завршила во Дунав каде е пронајдено нејзиното безживотно тело.
Нејзиното исчезнување го пријавила сестра ѝ, после што полицијата го пронашла безживотното тело во реката. Истрагата за трагичниот случај е во тек.
Романските медиуми објавиле снимка на која нуркачите трагаат по телото на пејачката, а потоа и ја извлекуваат од реката, како и дека во акцијата учествувале полицијата, пожарникарите и Итната помош.
Анка Поп е родена на 22 август 1984 година. Во јули 2017 година го објави големиот хит со Горан Бреговиќ, преработка на песната „Ѓурѓевдан“ под името „Едерлези“. Со Брега се запознала пред 10 години кога со неа соработувал на нејзиниот сингл „Љубоморно чудовиште“, па се појавил во нејзиниот спот.
За него често истакнувала дека е харизматичен и згоден, а луѓето од Србија ги обожувала.
Инаку, Анка е позната и по тоа што се фотографирала за „Плејбој“.