Откако позирала гола во Ватикан, па сликите ги објавила на интернет, уапсена е плејбој моделот Мариса Папен.
На едната фотографија таа носи дрвен крст низ улиците на Ватикан, а во позадина се гледа базиликата Св.Петар. На другата седи гола на Библијата.
Подоцна таа објави уште една фотографија на која се гледа како лежи врзана на голем дрвен крст.
Таа и нејзиниот фотограф биле забележани од страна на полицијата и биле притворени, но ги пуштиле после неколку часа.
Белгискиот модел, веќе еднаш беше уапсена откако позираше гола во близина на египетскиот град Луксор, со поглед на пирамидите.
Ова е само неколку фотографии, моделот патува низ светот и се слика гола на видни места. Контроверзните фотографии, таа и нејзиниот фотограф, ги објавуваат на интернет и на социјалните мрежи кои подоцна стануваат хит.