На универзитетот Macquarie во Австралија тим од научници истражил колку е за нас битно што јадеме за појадок, а се обиделе да најдат и одговор на прашањето „Како тој оброк влијае на состојбата на целиот организам?“ Резултатите ги изненадиле и водителите на „студијата за појадок“ кои сфатиле дека последиците од почнувањето на денот со „лоша“, односно, со нездрава храна, се речиси катастрофални за секој поединец.
Имено, откриено е дека појадокот со голем процент на маснотии и/или шеќер, после само 4 дена консумација, може да предизвика сериозни промени на човечкиот мозок. Тие промени се однесуваат на способноста за учење на нови факти и на помнењето генерално; способностите после само 4 дена нездрав појадок рапидно опаѓаат, а мозокот пропаѓа слично онака како што со време пропаѓа кај, на пример, дебелите луѓе.
Истражувањето е направено врз примерок од 102 здрави луѓе со нормална килажа; пола од нив 4 дена континуирано појадувале храна богата со лоши маснотии и шеќер, додека другата половина во истиот временски период за појадок јаделе нешто поздрави намирници, помалку заситени со шеќер и со масти. Конкретно, првата група појадувала тостиран сендвич и чоколаден милкшејк, а втората група похранлива и поздрава верзија од истиот појадок или само пола порција од нездравиот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey