Веселите, разнобојни „макаронс“, со најразлични вкусови, се најпопуларните колачиња во светот, а во празничната сезона може да ви послужат и како оригинални, слатки „украси“ во домот. Се разбира, украси што се јадат.
Во украсувањето на домот и трпезата вклучете ги и дечињата и од празниците направете вистинска радост за целото семејство. Прво, на шопинг во Marfi Cake&bakery! Оставете ги децата сами да си одберат од најомилените колачиња „макаронс“, според бојата и секако, според омилените вкусови. Ако одбираат дечињата, се знае – што пошарено, толку подобро. Ако одбирате Вие, мало потсетување – во тренд се пастелните нијанси, па би можеле да се одлучите за вкусовите боровница, вишна, шумско овошје.
Кога „натоварени“ со колаченцата „макаронс“ ќе се вратите дома, почнете со украсувањето. Може да ги наредите како лампиони на елката, врзувајќи ги едноставно со конче, со предизвик – сите да се изедат на денот на прославата!
А може и да ги наредите во декоративен сад, почнувајќи со најмногу „макарони“ на основата на садот, па нагоре, креирајќи облик на елка, користејќи ги, на пример, зелените „макаронс“ со вкус на јаболко. Кој би одолеал на една преслатка декорација на трпезата поигрувајќи си со боите на виножитото!
Доколку пак, ги следите гастрономските трендови, сигурно веќе знаете – хит се тортите украсени со „макаронс“. На наше задоволство и нив ги има во Marfi Cake&bakery.
Marfi Cake&bakery
Млечен ресторан 023 101 200
(промотивен текст)