Речиси 10 проценти од сите вработени лица во Словенија се странци, а нивниот број пораснал за 19,5 проценти на годишно ниво, соопшти словенечкиот Завод за статистика.
Во текот на овој месец во Словенија имало вкупно 87.700 вработени странци, што е за над два проценти повеќе во споредба со септември годинава.
Од вкупниот број страници, околу 42.600 се државјани на Босна и Херцеговина, 10.800 на Србија, а 7.500 на Хрватска.
Странците во најголем процент се вработени во градежништвото (23.400), производството (20.300) и транспортот (14.800).
Според словенечкиот статистички завод, вкупниот број на вработени во Словенија овој месец е зголемен за 0,9 проценти во споредба со ноември и за 3,2 отсто споредено со декември 2017 година.