Американскиот претседател Доналд Трамп нареди формирање американска вселенска команда, која ќе ги надгледува американските воени активности во универзумот.
Трамп бара американската војска да ги преземе првите чекори за формирање команда, почнувајќи од препораки за офицерите кои ќе бидат номинирани за раководење со неа.
– Командата ќе служи заедно со други воени функционални команди кои водат операции во Европа, Јужна Америка и во други делови на светот, – изјави денеска потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Командата ќе биде предводена од генерал, кој ќе ги преземе одговорностите поврзани со вселената, за која претходно беше задолжен командантот на американската стратешка команда.
Новата ера на американската национална безбедност во универзумот започнува денеска, изјави Пенс во Кејп Канаверал, Флорида.
Во наредните денови, Трамп ќе потпише нова директива за вселенска политика во која ќе бидат изложени плановите за создавање нов огранок на војската – американски вселенски сили. Пенс појасни дека администрацијата на Трамп работи со Конгресот заради воспоставување вселенски сили до крајот на 2020 година.