Зита Џонс: Во Холивуд е тешко да се биде жена

399

Актерката и оскаровка Кетрин Зита-Џонс (49) отворено зборува за тоа колку е тешко е да се биде жена во Холивуд и со какви сè притисоци мора да се справат, според „Инстајл“.

Долгогодишната сопруга на американскиот актер Мајкл Даглас (74) во својата богата кариера глумеше во многу хит-филмови , а во 2003 година доби „Оскар“ за споредна женска улога во мјузиклот „Чикаго“.

– Оваа работа е многу тешка, особено за жена. Не смееме да добиеме ниту едно бело влакно, ништо не се сменило. Можеме да се преправаме дека денешната ситуација во Холивуд е поинаква, но не е. Социјалните мрежи направија уште еден чекор понатаму, сè изгледа подобро и поубаво отколку што навистина е – рече Кетрин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...