Над 6,2 милиони евра за исплата на субвенции за органско производство и млеко

Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра.

137

Владата на денешната седница обезбеди над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

Конкретно, со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.

Исплатата ќе започне до крајот на оваа недела.

Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра, сума во која што спаѓаат субвенции по основ на заостанати долгови од 2013,2014, 2015, 2016 година, како и за мерките од актуелните Програми за 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...