Ново писмо на ЕУ до Харадинај: Го загрозивте дијалогот

217

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарите за трговија и за проширување, Сесилија Малмстром и Јоханес Хан му упатија ново писмо на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во кој наведуваат дека со едностраните акции го загрозил напредокот, кој досега е постигнат со дијалогот Белград-Проштина.

Европските функционери, исто така, ја поздравија Резолуцијата за дијалогот, која ја усвои косовското Собрание по иницијатива на Харадинај и укажуваат дека дијалогот ќе продолжи во ист формат, кој подразбира дека ЕУ, за претставник на Приштина и учесник во
дијалогот, и натаму го смета само претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчиќ потврди дека писмото е упатено до Харадинај, но не сакаше да зборува за неговата содржина.

Содржината ја обелодени „Газета експрес онлајн“, истакнувајќи дека европската „тројка“ во писмото прво ја отфрла оценката на Харадинај, која ја изнесе во писмо до Брисел, дека во досегашниот дијалог меѓу Белград и Приштина, малку што е направено.

Порачуваќи дека на косовската Влада  треба да и биде јасно оти дијалогот Белград и Приштина треба да биде продолжен во формат во кој тој процес и започна.

– Силно ја отфрламе вашата оценка дека дијалогот стагнира. Наместо тоа, дијалогот на чело со двајцата претседатели забележува и остварува постојан напредок. Таа проценка ја поделивме со лидерите на ЕУ на Европскиот совет во декември и добивме охрабрувачки пораки на поддршка – се наведува во писмото упатено до Харадинај.

Претстваниците на ЕУ сметаат дека Резолуцијата усвоена во косовското Собрание е важна и дека треба да придонесе за продолжување на процесот на конструктивен начин, во рамки на дијалогот на високо ниво.

– Ние ја поздравуваме и ја сметаме за воведен став на Косово, кој косовскиот претседател ќе го изрази во продолжението на дијалогот – се вели во писмото и се истакнува дека за ЕУ дијалогот е единствена реална рамка за решавање на нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...