Во интервју за „Холивуд рипортер“, Кристина Енгелхард вели дека имала интимни односи со Вуди Ален во неговиот апартман во Менхетен кога таа имала само 16 години, што е под границата за согласност во Њујорк, но таа не се чувствува како жртва.
– Не го напаѓам Вуди. Ова не е за да го омаловажам. Јас ја раскажувам мојата љубовна приказна. Ова ме направи тоа што сум денес, не се каам за стореното – изјавила Енгелхард (59) за магазинот во интервјуто објавено во понеделникот.
Кристина Енгелхард рекла дека со Вуди биле заедно осум години, а понекогаш имале и секс во тројка со други жени, вклучувајќи ја и актерката Миа Фароу. Таа рекла дека ова искуство било интересно истражување во седумдесеттите години.
Кристина која е актерка и модел, рекла дека таа била инспирација за улогата на тинејџерскиот лик на писателот кој имал афера во филмот „Менхетен“ од 1979 година.
Претставниците на Ален (83) и Фароу (73) не дадоа коментар на прашањата поставени после ова интервју.
Енгелхард рекла дека таа веќе работела како модел кога го запознала Вуди во еден ресторан во Њујорк во 1976 година. Таа му оставила порака на неговата маса со нејзиниот број. На пораката пишувало „Бидејќи си потпишал многу автограми, ти го давам мојот“.
Подоцна Вуди ѝ се јавил и ја повикал во неговиот стан на Петтата авенија. После една недела тие станале интимни. Енгелхард рекла дека тој никогаш не ја прашал за годините, но бил свесен дека таа е сѐ уште во средно училиште.
Енгелхард не е прва жена која рекла дека имала афера со Ален додека сѐ уште била во средно. Актерката Стејси Нелкин рекла дека и таа исто имала врска со режисерот која започнала кога таа имала 17 години. Нелкин исто така тврди дека била инспирација за ликот Мариел Хемингвеј во филмот „Менхетен“.
Нелкин за Ен-би-си рекла дека таа никогаш не слушнала за Енгелхард, но исто така Ален можно е да се гледал со други жени во тој период и дека тоа не би ја изненадило. Исто како Енгелхард и Нелкин се сеќава на врската со Ален, со кого останале блиски пријатело.
– Времето кое Вуди и јас го поминавме заедно беше прекрасно и незаборавно. Со ова што го кажувам, не би сакала ниедна од моите ќерки да е во врска со некој постар 24 години од нив – рекла Нелкин.
Енгелхард, исто така, била платонска муза на италијанскиот режисер Федерико Фелини. Таа работела и како личен асистент на повеќе моќни мажи, вклучувајќи го и милионерот Џерфи Епстин и продуцерот Боб Еванс. Според неа, сите тие ја сакале поради истите причини како Ален, таа била убава, паметна, не осудувала, била дискретна и ништо не можело да ја изненади.