Една од најголемите организации за заштита на човекови права во Јужна Кореја соопшти дека ќе и ја одземе наградата на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи доделена во 2004 година поради нејзината „рамнодушност“ кон кризата со муслиманското малцинство Рохинџи.
Во тоа време, Аунг Сан Су Чи беше дисидент и лично не можеше да ја прими наградата за човекови права „Кванџу“, бидејќи беше во домашен притвор, одреден од страна на воената хунта.
Подоцна, нејзината партија дојде на власт и таа стана лидер на Мјанмар. Сега е критикувана поради тоа што одбива да го осуди насилството против рохинџите.
Од 2017 година повеќе од 720.000 муслимани Рохинџи избегаа од Мјанмар поради нападите од воените и будистичките полиции. Обединетите нации таа криза ја окарактеризираа како геноцид.
– Нејзината рамнодушност кон нападите со кои се соочуваат Рохинџите е спротивна на вредностите за кои се дава оваа награда, спротивна со заштитата и унапредувањето на човековите права, изјави портпаролката на Фондацијата на меморијалот од 18 мај. Затоа, управниот одбор на организацијата одлучи да и ја одземе наградата на Аунг Сан Су Чи – се наведува во соопштението од Фондацијата.
Фондацијата е основана во 1994 година во знак на сеќавање на Демократското востание во Кванџу во 1980 година против тогашната воена диктатура уништена од јужнокорејската војска.