Претставата со сенки „Алиса и чудата“, вечерва во 19.30 часот, ќе биде премиерно изведена на сцената „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Овој најнов спектакл на Театарот „Сенки и облаци“ ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста. Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а кои единственото нешто што ги поврзува е состојбата на истовремен хаос и статус кво.
Билетите за претставата „Алиса и чудата“ се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар по цена од 150 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk/.