ЕУ постигна договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите 

117

Емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили во ЕУ треба да се намалат за 37,5 проценти до 2030 година, се договорија преговарачите во ЕУ, сопштија австриските претставници. До согласноста дошло по напнати преговори меѓу Европскиот парламент и земјите членки, јави ДПА.

Лимитот е компромис меѓу 35-те проценти намалување на емисите штетни гасови, предложени од владите на земјите од ЕУ, и 40-те проценти намалување, предложени од европските пратеници.

Целта за 2030 година ќе се применува за возниот парк на автомобилските произведувачи како целина, што значи дека „моделите со висока емисија штетни гасови“ ќе треба да бидат компензирани со продажба на  модели со ниска или нулта емисија на јаглерод диоксид.

Целите за емисиите на автомобилите се дел од напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и ограничување на глобалното затоплување.

ЕУ постигна договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите до 2030 година
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...