Исцелител“ на фестивалот „Франкофилм“ во Рим

86

Македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески денеска ќе биде прикажан на 9-тиот меѓународен филмски фестивал во Рим, „Франкофилм“.

По италијанската премиера на фестивалот во Бергамо пред неколку дена ова е втор фестивал во Италија на кој ќе се прикаже „Исцелител“.

На „Франкофилм“ оваа година се прикажуваат и добитникот на награда во Локарно, бугарскиот „Слава“, добитникот на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“ и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...