ЕК: Има многу дезинформации за Договорот за имиграција на ОН

46

Европска комисија денеска реагираше на дезинформации кои се шират за договорот за имиграција на Обединети нации.

– Договорот промовира соработката меѓу земјите по прашањата за имиграцијата, вклучувајќи го и враќањето на илегалните имигранти, прави разлика меѓу имигранти и бегалци, ги признава основните човечки права, дава рамка на начините во борбата против илегалната имиграција, ја признава потребата од заштита на границите за зачувување на безбедноста, како и автономијата на земјите по прашањата поврзани со имиграцијата. Договорот не е правно обврзувачки, не воведува незаконско право на имиграција и не промовира нелегалната имиграција – изјави портпаролот на ЕК.

– Да речеме, ова е нашиот начин на борба против дезинформации за ова прашање. Имаме скромни можности, координација меѓу сите земји на ЕУ – рече тој.

Портпаролот го цитираше претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, дека би било добро за оние кои се загрижени за документот, прво да го прочитаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...