Зошто вистинскиот пармезан е толку скап?

Потребни се дури 16 литри млеко за 1 кг пармезан и долго време за да созрее. Со консумирање на пармезан се поттикнува развој на пробиотската бактерија Bacillus bifidus, која учествува во одржување на здравјето на системот на органите за варење. Мастите во пармезанот се во облик кој полека обезбедува енергија во краток период, заради што побрзо се добива чувство на ситост.

928

Пармезанот е тврдо и ароматично сирење кое се произведува од необрано кравјо млеко. Одличен извор е на калциум, а храната богата со калциум придонесува за побрзо согорување на мастите. Нутриционистите им го препорачуваат на малите деца и на повозрасните луѓе поради неговите извонредни прехранбени вредности, освен тоа лесно се вари, а освен со калциум, богат е и со фосфор.

Освен нутритивните вредности, пармезанот е сирење со богат вкус, исполнет со овошни ноти и блага пикантна нота, а се препорачува сервирање со оброк. Вистинскиот пармезан има посебна текстура: зрнеста, се крши и пука во ливчиња кон средината на сирењето. Иако е направен од кравјо млеко, не содржи лактоза, односно, содржи многу мали количини, речиси занемарливи, па се препорачува и на оние со интолеранција на лактоза.

Ако ве интересира, во 100 грама Пармезан има: 392 калории; 3. 22 г јаглени хидрати; 25. 83г масти; 35.75 г протеини; 29.16 г вода.

Од минерали, пармезанот содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган и селен. Од витамини, во значајна количина содржи рибофлавин, пантотенска киселина, витамин Б12, витамин А и витамин Д. Лесно се вари и поради калциумот со кој е богат, се смета за одличен избор за здравје на коските, а им се препорачува и на трудниците.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...