Зелката може да го намали ризикот од карцином

Зелката му припаѓа на семејството на брокулата, кељот или карфиолот, а со децении членовите на ова семејство се предмет на различни научни истражувања, што особено се должи на нивното заштитно дејство од појава на карцином.

526
zelka Freepik/Designed by Mrsiraphol

Зелката е извонреден извор на влакна кои се неопходни за здраво варење и за здравје на кардиоваскуларниот систем. Токму содржината на влакна во зелката би можела да биде една од неколкуте причини заради кои им се припипува заштитно дејство во борбата со карциномот на дебелото црево.

Зелката може да го намали ризикот од рак на дебелото црево

Резултатите на едно јапонско истражување покажале дека лицата кои јадат повеќе зелка имаат помал ризик од појава на карцином на дебелото црево. Слична студија потврдила дека поголемото внесување на зелка е поврзано со 29 отсто помал ризик од карцином на дебелото црево.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Freepik

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...