Долгот на светската економија достигна номинален износ од 184 милијарди американски долари, што е еднакво на 225 отсто од светскиот БДП во 2017 година, објави Меѓународниот монетарен фонд.
„Вкупниот збир на долгот е околу 2 милиради поголем отколку неговата проценка за октомври оваа година, а причина за тоа е што сега се преброени долговите на некои земји, кои во претходните пресметки не дале податоци“, се вели во извештајот на ММФ.
САД, Кина и Јапонија се трите водечки земји кои позајмуваат пари и го акумулираат повеќе од половина од глобалниот долг.
Според пресметките, секој жител во светот моментално во просек должи по 86.000 долари.
Од почетокот на милениумот кинескиот удел во глобалниот долг пораснал од 3 на повеќе од 15 отсто.