Во организација на Коалицијата МАРГИНИ синоќа е отворена изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска. Ова е прва изложба на фотографии од неколку трансродови девојки од Македонија.
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур.
„Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано.
Изложбата е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans, и е финансиски е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.