Протести во јужна Турција поради зголемување на трошоците за живот

61

Неколку илјади лица денеска протестираа во Дијарбекир, југоисточна Турција, против зголемувањето на трошоците за живот во последните месеци.

Демонстрантите, кои одговорија на повикот на Конфедерацијата на синдикатите, се собраа во центарот на Дијарбекир, каде што имаше засилено полициско присуство.

– Ние нема да ја плаќаме цената на економската криза, пишуваше на некои од транспарентите што ги носеа.

Демонстрантите, кои доаѓаа од различни места во јужна и југоисточна Турција, исто така побараа да се вратат на работа сите оние околу 140.000 луѓе кои беа отпуштени од работа по обидот за државен удар во јули 2016 година.

Протестот траеше околу три часа и помина без некоја тензија со полицијата.

Економската состојба во Турција е влошена во последниве месеци поради силниот пад на турската лира поради дипломатските тензии со САД ова лето.

Инфлацијата во ноември достигна 21,62 отсто на годишна основа. Цените остануваат високи и покрај владините мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...