Трамп повтори дека планира да се сретне со севернокорејскиот лидер

74

Американскиот претседател Доналд Трамп повтори денеска дека има планови за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун до крајот на мај. Тој го нагласи тоа во телефонски разговор со јужнококрејскиот претседател Мун Џае-ин и изрази „внимателен оптимизам“ за развојот на настаните, соопшти Белата куќа.

Трамп и Мун разговараа за подготовката на претстојната средба и се договорија дека конкретни акции се клуч за постигнување денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...