Трамп најави заминување и на министерот за внатрешни работи

187
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави заминување од функција на уште еден висок претставник на владата, министерот за внатрешни работи Рајан Зинки.

– Министерот за внатрешни работи Рајан Зинки ќе ја напушти администрацијата во крајот на годината, откако во неа беше речиси две години – објави Трамп на Твитер.

Според него, Зинки „направил многу за својот мандат“.

Зинки кој е под истрага за свои патувања, политичка дејност и можни конфликти на интереси ја напушта администрацијата неколку недели пред демократите да преземат контрола врз Претставничкиот дом во Конгресот. Зинки имаше водечка улога во напорите на Трамп за спротиставување на регулциите за животната средина и за развојот на енергетиката во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...