Прогласена автокефална Украинска православна црква

205

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го објави создавањето на автокефална православна црква на Украина.

– Им честитам на сите создавањето автокефална православна црква на Украина, основана сега во црквата Света Софија. Овој свет ден ќе влезе во историјата како ден на создавањето на обединета автокефална црква во Украина, денот на нашата конечна независност од Русија – рече Порошенко, обраќајќи им се на присутните на плоштадот пред црквата по соборот за обединување.

Учесниците во денешниот црковен собор за обединување во Киев го избраа митрополитот Епифаниј од Киевската патријаршија за прв човек во Украинската православна црква.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...