Промовирана книгата „Монодрама на лудиот“ на петнаесетгодишната Сара Марковска

547

Во Домот на културата „Драги Тозија“ денеска беше промовирана книгата „Монодрама на лудиот“ од младата авторка Сара Марковска од Ресен.

Ова е второ дело на 15-годишната Марковска, која е уечничка во гимназијата „Цар Самуил“ во Ресен.

– Многу сакам да пишувам. Првата книга, која ја објавив во 2014 година се вика „Љубовта на мојата стара“, но за разлика од денес таа беше збирка поезија. По четири години повторно промовирам книга, што ме прави особено среќна. Не застанувам со пишувањето, тоа ми е омиленото хоби – истакна Марковска по промоцијата.

Директорот на Домот на културата Васко Василевски истакна дека оваа културна установа секогаш им помага на младите автори при нивното промовирање.

Промотор на книгата беше познатиот писател за деца Горјан Петревски, кој воедно беше промотор и на првата збирка поезија на Сара Марковска. Промоцијата на оваа книга беше поддржана и од општина Ресен и градоначалникот Живко Гошаревски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...