Холивудската актерка со израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава.
– Законот е грешка и јас не се сложувам со него. Верувам дека можеме да ги сакаме нашите соседи и дека може да работиме заедно со нив – изјави оскаровката.
Во јуни глумицата требаше да учествува на доделувањето на Џенезис наградата, што е своевиден еврејски „Нобел“. Таа веќе беше прогласена за добитничка и доби фонд од два милиона долари, но го откажа учеството, па свеченоста не се ни одржа.
На 19 јули израелскиот Парламент со 62 гласа „за“ и 55 „против“ го усвои нацрт-законот со што Израел стана „национална држава на еврејскиот народ“ односно демократска држава заснована врз еврејските вредности и со загарантирано право на Евреите за национално самоопределување, со Ерусалим како главен град, со еврејскиот календар како официјален и празнување на традиционалните еврејски празници. За арапскиот јазик, формулацијата дека е во службена употреба, е избришана и е заменета со изразот „специјална употреба“, но се наведува и дека нема да биде намалено досегашното ниво на негово користење.
Познавачите пак, сметаат дека повеќето одредби од законот се во спротивност со постојната законска одредба и се косат со принципот дека сите граѓани во Израел имаат еднакви права.
ФОТО: Инстаграм