Катерпилер ќе затвора неколку погони, ќе отпушти до 800 работници

311

Американскиот производител на машини Катерпилер најави затворање на две постројки, како и можно затворање на фабрика за мотори во американската сојузна држава Илиноис.

Се очекува дека вкупно 800 работни места може да бидат загубени како резултат на оваа најново преструктуирање на компанијата.

Една од постројките за кои е извесно дека ќе биде затворена е фабрика за алатки во градот Вејко во Тексас, а во Катерпилер планираат да затворат и канцеларија во државата Панама.

Компанијата има близу до 100.000 вработени во погони низ целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...