Кремљ: Барањата на САД не се приоритет на правосудството на Русија

111

Кремљ денеска соопшти дека повикот на САД да се ослободат украинските морнари и бродови задржани во близина на Крим, не може да има приоритет за рускиот правосуден систем.

Руските сили на 25 ноември задржаа три бродови на украинската Воена морнарица во Керчинскиот Проток, меѓу Црното и Азовското Море, тврдејќи дека тие нелегално влегле во територијалните води на Русија.

Во врска со најавите од Вашингтон дека нема да се одржи состанокот меѓу претседателте на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, се додека Русија ги држи украинските бродови и членовите на нивните екипажи, Кремљ истакна дека Москва и натаму е заинтересирана за билатерални состаноци на високо ниво со САД.

– Не гледам околности во блиска иднина дека може да дојде до одржување на таков состанок додека бродовите и екипажите не бидат пуштени – изјави вчера во Вашингтон американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...