Државна видеолотарија на Македонија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, претпладнево во своите простории реализираше крводарителната акција, во која вработените даруваа крв. Се планира акцијата да стане убав хуман настан кој редовно ќе се одржува. Настанот го поддржа и летечкиот шампион Игор Стефановски Иџе кој ги поддржа вработените на Државна видеолотарија во дарувањето крв.
– Пред заокружувањето на годинава, како дел од нашата хумана мисија, одлучивме уште еднаш да ја поддржиме и солидарноста на екипата на „Ретвитни оброк“, преку донација во прехранбени продукти, со цел да овозможиме социјално загрозените да го задоволат своето основно право, правото на храна. Хуманитарните активности денес ги финализиравме со донација на облека, која ќе биде дистрибуирана до ранливи групи на семејства – велат од Видеолотарија.
Со овие активности, компанијата сака да ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на вработенте, со цел како компанија да дадат свој придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.