Ако сте вистински фан на „Ѕвездените патеки“, веројатно секогаш сте сонувале да зборувате клингонски, иако ова е еден од најнепријатните измислени јазици. Е, сега ја имате оваа можност: „Дуолинго“ најави дека од денес стартува официјален јазичен курс по клингонски на својата платформа.
– Во еден или друг момент, доста фанови на серијата пројавуваат интерес кон клингонски, но за да го научите, потребно ви е време, енергија и редовни вежби, особено ако почнувате сега – вели креаторот на курсот, Феликс Малменбек кој започнува со работата на проектот уште во 2015-та.
Како и сите курсеви на „Дуолинго“, овој по клингонски исто така ќе биде понуден бесплатно. За разлика од сите курсеви на „Дуолинго“ сепак, компанијата најверојатно требало да го внесе во работата и правниот оддел, бидејќи клингонски е заштитен знак на ТВ каналот „Ци-Би-Ес“ и создавањето на курсот се случува по лиценца на „Ци-Би-Ес консумер продуктс“.
Клингонски станува еден од 30-те јазици кои моментално се достапни преку платформата „Дуолинго“ со над 200 милиони корисници.
Фото: EPA/LEONARDO MUNOZ