Утре ќе се одржи петтиот протест на жолтите елеци во Париз. Полицијата најавува засилено присуство на француските безбедносни служби.
Тие планираат да распоредат околу 8.000 полицајци и 14 оклопни возила, но и патролна полиција која ќе ги „лови“ вандалите.
Француските власти соопштиле дека вчера починал еден од тешко повредените припадници на движењето, кого го удри камион за време на блокадите на патиштата во близина на градот Авињон.
Претходно загинаа уште пет демонстранти, во најголем број во сообраќајни несреќи исто за време на блокадите на патиштата.
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON