Трамп: Франција „се разгоре“ поради Договорот за климата од Париз

109
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека причината за немирите во Франција е Договорот за клима од Париз.

– Целата земја гори поради Парискиот договор – рече Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз.

Парискиот договор не се одразува особено добро на Париз, рече тој, напаѓајќи го уште еднаш меѓународниот договор за климата, кој никогаш не го одобрувал и од кој САД ги повлече минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...