Што се пребаруваше на „Гугл“ во 2018?

Пребарувач Сè што го привлече вниманието на луѓето во годината што изминува, го забележа најголемиот пребарувач

841

„Гугл“ секој декември ги објавува своите податоци за претходната година, односно ја објавува листата наречена „Година на пребарувања“, која служи за уште поголемо расветлување на темите што ги интересирале луѓето во 2018 година. Оваа збирка на податоци ги прикажува сите луѓе, настани и моменти во светот, кои го привлекоа нашето внимание во 2018 година. Ова се врвните пет пребарувања од категориите поими, вести, луѓе, актери, филмови и спортисти.

– Најчесто пребарувани поими се:

  1. Светското првенство во фудбал
  2. Авичи
  3. Мек Милер
  4. Стен Ли
  5. Филмот „Блек Пантер“

 

– Најпребарувани вести:

  1. Светското првенство во фудбал
  2. Ураганот Флоренс
  3. „Мега милионс“, резултати од лотарија
  4. Кралски венчавки
  5. Резултати од избори

 

– Најпребарувани луѓе:

  1. Меган Маркл
  2. Деми Ловато
  3. Силвестер Сталоне
  4. Логан Пол
  5. Клои Кардашијан

 

– Најпребарувани актери:

  1. Силвестер Сталоне
  2. Логан Пол
  3. Пит Дејвидсон
  4. Бил Козби
  5. Ноа Сентинео

 

-Најпребарувани филмови:

  1. „Блек Пантер“
  2. „Дедпул2“
  3. „Веном“
  4. „Одмаздници: Бесконечна војна“
  5. „Боемска рапсодија“

 

-Најпребарувани спортисти:

  1. Тристан Томпсон
  2. Алексис Санчез
  3. Линдзи Вон
  4. Шон Вајт
  5. Хабиб Нурмагомедов

Во Република Македонија, најпребарувани поими и вести се оние поврзани со референдумот. Граѓаните најмногу сакале да дознаат за Договорот од Преспа и за резултатите од референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...