Меј: Во интерес на ЕУ и на Велика Британија е да има договор

139
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит.

Таа најави дека на Самитот на ЕУ во Брисел ќе ги запознае лидерите на Унијата со законските и политичките гаранции неопходни за договорот за Брегзит да биде прифатен во британскито Парламент.

– Ќе разговарам со ЕУ лидерите за тоа што е потребно за овој договор да биде прифатен. Ќе ги презентирам законските и политичките гаранции кои ни се потребни за да се одговори на загриженоста на членовите на британскиот Парламент – посочи Меј.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...