Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му соопшти на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Северноатлантската алијанса овој месец ќе ја снабди украинската армија со опрема за безбедна комуникација.
– Му кажав на претседателот Порошенко дека до крајот на оваа година, на украинските вооружени сили ќе им испорачаме опрема за безбедна комуникација – рече Столтенберг по состанокот со претседателот на Украина во врска со ескалацијата на конфликтот со Русија.
Обезбедената опрема е дел од помошта од 40 милиони евра, што НАТО ја намени за зајакнување на вооружените сили на Киев.
Столтенберг изрази почит за „смиреноста и воздржаноста“ на Украина за време на кризата со Русија и ја повтори поддршката на Алијансата за стремежите на таа земја за зачленувањето во воениот сојуз.
Пороѓенко истакна дека апсолутен приоритет на неговата земја е да се обезбеди враќање на морнарите кои ги зароби Русија, заедно со три бродови кај Керченскиот Теснец.