Божиќ нема да биде весел за Карди Би

238
ФОТО: Инстаграм / Принтскрин

Раперката Карди Би објави дека повеќе не е заедно со Офсет. Во меѓувреме фановите беа загрижени бидејќи Офсет наводно ја изневерил со манекенката Самер Бани. Сега тој се обидува да ја освои повторно раперката.

– Тато сака да биде дома за Божиќ – рекол тој и нагласил дека сака да биде со нивната ќерка бидејќи ова ќе и биде прв пат да слави.

Според извори, тој купил подароци за ќерката и Карди, но таа се уште не била сигурна „дали сака да му дозволи да ги помине празниците со нив“.

Офсет сакал да ги посети и другите деца од претходните врски.

ФОТО: Инстаграм / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...