Владата на Франција „во оваа фаза не одлучи да ги забрани собирите на жолтите елеци”, кои треба да се одржат в сабота, но ги повика на „разумност“ по нападот во Стразбур и „да не протестираат“, изјави денеска нејзиниот портпарол Бенјамин Гриво.
Како што пренесува дописникот на МИА, Владата го слушнала нивниот гнев што го изразија.
– Она што го бараме е одговорност, да бидеме разумни в сабота и да не се оди на протест – истакна Гриво, обраќајќи им се на на „жолтите елеци“.
Меѓу членовите на граѓанското движење се појави сомнеж дека неодамнешниот напад во Стразбур бил обид да се сврти вниманието на јавноста од нив.