Трибина за регионалната соработка во Скопје

На дебатата ќе учествува претседателот на Сојузот на економистите на Србија, Александар Влаховиќ, идеен творец и организатор на најзначајниот бизнис настан на Балканот – Бизнис форумот на Копаоник, познат како Балканскиот Давос.

45

„Предизвиците на регионалната економска соработка“ е темата на денешната дебата што ја организира Стопанската комора на Македонија како дел од серијата трибини со бизнис-заедницата.

На дебатата ќе учествува претседателот на Сојузот на економистите на Србија, Александар Влаховиќ, идеен творец и организатор на најзначајниот бизнис настан на Балканот – Бизнис форумот на Копаоник, познат како Балканскиот Давос.

Влаховиќ и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески ќе отворат дискусија за предизвиците на регионалната економска соработка, како неопходен предуслов за иднината на регионот на Западен Балкан како целина, но и за секоја од државите одделно, за зачетоците на Бизнис форумот на Копаоник кој прерасна во најзначајниот бизнис настан на Балканот, како и за српските искуства во спроведувањето на процесот на приватизацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...