Владата предлага 2,5 пати помали казни за малите фирми

271

За физичките лица 75 отсто пониски глоби, а за малите фирми 2,5 пати помали казни, предвидува Предлог-законот за прекршоци што беше усвоен денеска на владина седница.

Како што соопшти Владата, целта на законот е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите.

„Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите, ниту ќе го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција“, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...