МЕПСО: Прилеп добива сигурно снабдување со струја за идните 20 години

Според него, најдени се правни формулации врз основа на постоечкото обвинение и врз основа на друг член „здружување заради непријателска дејност“ може да го продолжи процесот.

134

АД МЕПСО ќе вложи 1,12 милиони евра во модернизација на трафостаницата „Прилеп 1“ и ќе ја замени со нова, високонапонската опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и  нов систем за релејна заштита.

Со тоа, велат од компанијата, Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години.

По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“  договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. На потпишувањето на договорот присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

Министерот Сугарески потенцираше дека моденризацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.

– Сакам да ги уверам сите заинтересирани инвеститори за овој регион декание сме подготвени да понудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија и да одговориме на нивните потреби. Овој менаџмент на МЕПСО започна инвестициски циклус од преку 26 милиони евра за модернизација на 10 трафостаници и изградба на пет нови далекуводи. Сакам да изразам задоволство од нивото на инвестиции во преносната мрежа – рече Сугарески.

Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија за идните 20 години и додаде:

– МЕПСО за жителите и компании во Пелагонија сега вложува шест милиони евра. Станува збор за три инвестиции во преносната мрежа во Пелагонија. Овде во оваа трафостаница вложуваме 1,1 милиони евра,  уште еден милион евра сега вложуваме во трафостаницата „Битола 2“, а склучивме договор вреден 3,9 милиони евра за изградба на нов далекувод што ќе ќе поврзе оваа со трафостаницата „Битола 1“ – потенцираше Василевски.

Лековиќ, претставникот на изведувачите соопшти дека овие договори се солиден темел за јакнење на соработката меѓу компаниите од Хрватска и од Македонија и дека очекуваат продлабочување на соработката и реализација на овие договори.

-Ова е трет договор за модернизација на постројки во преносната мрежа во кој учествува „Кончар КЕТ“ во рамки на овој инвестициски циклус на МЕПСО, додаде Лековиќ.

Модернизацијата на оваа трафостаница и на далекуводот што ги поврзува Прилеп и Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе биде готова за 2,5 години.

ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Таа е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни  далекуводи  со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...