Шестиот интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи во периодот од 17 до 19 декември 2018 година во просториите на Младинскиот културен центар (сцена Фросина), а во организација на Театарот „Сенки и облаци“.
Програмата вклучува претстави од Германија, Обединетото Кралство и Македонија, две работилници за театар на сенки, изложба на рачно изработени лампи и по некое изненадување.