Објавен романот „Тврдината“ од естонскиот писател Тијт Алексеев

124

Издавачката куќа Готен го објави романот „Тврдината“ на современиот естонски писател Тијт Алексеев.

„Тврдината“ е вториот дел од трилогијата за крстоносните војни на естонскиот писател, историчар и дипломат, Тијт Алексеев. Романот претставува драматична и набиена со пресвртни настани приказна за освојувањето на Антиохија од страна на крстоносците. Станува збор за возбудлив роман за важноста на човековите релации, лојалноста, љубовта, за пријателството. Алексеев собирал материјали за романот повеќе од десет години и ги посетил главните места каде што се одвивале борбите. Како резултат на тоа, во романот прецизно е реконструиран средновековниот свет, заедно со неговите вредности и мани.

Преводот на книгата од унгарски јазик е на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.

Објавувањето на романот „Тврдина“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион, еден од најмалку познатите региони од Европската Унија на Балканот.

Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...