Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур

39

Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот.

– По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат – напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти и новинари го полнат градот секој месец за време на пленарните седници. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а луѓето спречени да излезат од неа.

Дваесет и девет годишен маж синоќа изврши напад на најголемиот европски Божиќен пазар во центарот на Стразбур, при што загинаа три лица, а 11 се повредени, од кои пет се во животна опасност. Напаѓачот е се уште во бегство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...