Нема поврзаност меѓу синоќешниот напад во Стразбур и Белгија и нивото на безбедност во Белгија останува непроменето – информираше утрово белгискиот министер за правда, Кун Генс.
По париските атентати во 2015 година, во кои голем број од напаѓачите или беа по потекло од Белгија или на некој начин беа поврзани со оваа соседна земја, белгиските власти редовно разменуваат информации со француските колеги. Овојпат напаѓачот од Стразбур не им е познат на белгиските власти, увери министерот, иако се уште се трага по него од двете страни на француско-белгиска граница. Сепак не е извесно дали напаѓачот побегнал од Франција.
– Нема индикации дека Белгија може да биде таргетирана, изјави министерот
Засега, нема ниту потврда дали нападот на Божиќниот пазар во Стразбур се смета за терористички.