Најмалку пет лица загинаа, а четворица други се ранети денеска кога вооружен напаѓач отвори оган врз присутните во една католичка катедрала во бразилскиот град Кампинас, на сто километри северозападно од Сао Паоло.
Како што соопшти бразилската полиција, напаѓачот влегол во катедралата во текот на одржувањето миса и почнал да пука кон присутните верници, по што се самоубил.
– Беше страшно. Тој влезе и пукаше по случаен избор кон луѓето додека се молеа – изјави очевидец на нападот за бразилската телевизија Глобо Њуз.
Мотивите за нападот засега не се познати, а не е соопштен ниту идентитетот на напаѓачот.
Полицијата започна истрага за случајот.